Дванаесетгодишно момче развива апликација за луѓе со инвалидитет

54

12m

Фото: Abiliity App

Дванаесетгодишното момче Александер Кнол од Ајдахо ја направи апликацијата Ability App, којашто треба да им го олесни движењето на луѓето со инвалидитет на јавни места, давајќи им информации каде има рампи за инвалидски колички, паркинг простор, мени на Брајова азбука и слично.

Тој дошол до оваа идеја откако видел човек во инвалидска количка како се мачи да ја отвори тешката врата во една продавница, пишува NBC News.

“Се запрашав дали има некоја апликација или веб страна што ги информира овие лица каде има автоматски врати“, вели Александер.

Неговата идеја предизвика големо внимание и момчето гостуваше во шоуто на Елен де Генерис, која го изненади со чек од 25.000 долари за да ја заврши апликацијата.

“Ќе работам напорно и сакам што поскоро апликацијата да биде достапна за луѓето“, вели Александер.

Во изработка на апликацијата му помага Тара Милер која има 17 години е парализирана. Таа вели дека воопшто не е лесно да се пронајдат ресторани со ниски столици и тоалети за луѓе кои се во инвалидска количка.