Две европски авиокомпании веќе не бараат маски од патниците

86

Ден откако Шведска одлучи да ја укине обврската за тестирање за коронавирус за вакцинирани луѓе без оглед на симптомите, уште една вест доаѓа од Скандинавија. Од понеделник, авиокомпаниите SAS и Norwegian повеќе нема да бараат употреба на маски за нивните летови во Скандинавија, односно Норвешка, Шведска и Данска.

“Со оглед на тоа што сите три скандинавски земји се отворени за патување и дека ги укинаа епидемиолошките ограничувања, повеќе не гледаме потреба да бараме носење маски за сите домашни летови, како и летови меѓу Данска, Шведска и Норвешка“, рече портпаролката на SAS, Фреја Анамац.

И компанијата Norwegian на својата веб – страница објави дека повеќе нема да бара носење маски на овие летови поради намалениот ризик од инфекција.

Двата превозника нагласија дека за сите нивни летови надвор од Скандинавија, поради меѓународните регулативи, сепак, ќе биде задолжително носење маски.