Швајцарскиот банкарски гигант, UBS одлучи да им дозволи на дури две третини од вработените трајно да работат според хибридниот модел, што значи дека ќе комбинираат и работа од дома и од канцеларија.
Целта е UBS да биде конкурентен со американските банки кои зазеле поинаков став.
Интерната анализа на банката покажува дека две третини од нејзините вработени се погодни за хибриден начин на работа, додека една третина заради барањата на работата, ќе мора да доаѓаат на работа.
Од друга страна, американски банки бараат нивните вработени да се вратат во канцелариите.
Фото: Pexels