Турските компании Doğuş Holding и Sabancı Holding се заинтересирани за учество во приватизацијата на Телеком Србија. Потпретседателот на српската ввлада и министер за трговија и телекомуникации Расим Љајиќ се состанал со претставници на овие компании во Истанбул и разговарал за можностите за ширење на нивното работење на српскиот пазар, јавува Танјуг.
Директорите на овие компании, во одвоени разговори покажале интерес за инвестирање во областа на енергетиката, патната инфраструктура и телекомуникациите, како и во изградбата на станбени објекти, трговски центри и хотели.
На состаноците е договорено во текот на следната недела стручни тиомови на овие две компании да ја посетат Србија, каде ќе им бидат претставени проекти во областите во кои се подготвени да инвестираат.