Две во едно – работно биро и место за дремка

41

4dd9043a0Многумина од нас честопати посакуваат да дремнат малку во текот на напорниот работен ден.

Токму оваа идеја архитектите од NL Studio со седиште во Коропи, Грција ја преточија во реалност создавајќи го 1.6 S.M. of Life Desk, стилизирано работно биро што се трансформира во кревет, пишува Бизнис Инсајдер.

Ова уникатно парче мебел, чии димензии се 2 на 0,8 метри е наменето да обезбеди место за одмор за сите оние на кои им е потребно.
68f76d9e4

Дизајнерот на проектот е Атанасиа Ливадито која вели дека идејата за ова биро ја добила кога студирала и работела во Њујорк.

Прототипот на бирото е направен од лакирано дрво, метал и бела кожа и сè уште не е достапно за продажба.