Двојно повеќе интернет во пакетите за национален мобилен интернет на А1

18

Постпејд корисниците на А1 имаат можност да добијат двојно повеќе интернет доколку преку апликацијата Мојот А1 активираат некој од пакетите за дополнителен национален мобилен интернет.

Водени од континуираната потреба за повеќе мобилен интернет на корисниците, телекомуникациската компанија А1 овозможи промотивно зголемување на националните пакети за интернет, достапни преку мобилната апликација Мојот А1. Со активација на еден од пакетите со промотивен интернет корисниците добиваат двојно повеќе за иста цена и тоа со Net 2GB Promo за 149 денари корисниците добиваат 2GB мобилен интернет, со Net 4GB Promo за 199 денари корисниците добиваат 4GB, а со пакетот Net 10GB Promo за 299 денари корисниците добиваат 10GB.

Промотивната понуда може да се активира единствено преку Мојот А1 апликацијата што им овозможува на корисниците брзо и едноставно да го добијат потребниот интернет во моментот кога токму ним им е потребен. Промотивната понуда може да се искористи за еднократни активации, но и за пакети со автоматска реактивација.