Двојно зголемени приходите и добивката на TikTok

42

Добивката и приходите на кинескиот сопственик на TikTok се дуплирани во 2020 година, потврдувајќи ја популарноста на апликацијата во време на пандемија.

Вкупните приходи на ByteDance минатата година надминаа 111% и достигнаа 34,3 милијарди долари. Бруто добивката на компанијата, како што пренесува ВВС, е трикратно зголемена на 19 милијарди долари. Компанијата поради сметководствени промени годината ја заклучи со нето загуба од 45 милијарди долари, што не е поврзана со бизнисот.

ByteDance на крајот на минатиот декември на сите платформи забележа околу 1,9 милијарди активни корисници на месечно ниво.

Податоците за годишните резултати временски се поклопија со зголемениот притисок на регулаторите врз TikTok и други кинески технолошки гигант, како во странство, така и во матичната земја.

Фото: Pixabay