
Уделот на електричните автомобили во новите регистрации во Турција се зголеми за повеќе од двојно од 1,1 отсто во периодот јануари-март 2022 година на 2,4 отсто во истиот период оваа година.
Во текот на првиот квартал од 2023 година, во Турција се регистрирани 4.870 електрични автомобили, објави во вторникот државниот статистички орган ТуркСтат, јавува Anadolu Agency.
Во тримесечниот период во земјата се регистрирани 460.910 патни моторни возила, од кои 204.666 автомобили.
Учеството на возилата на бензин кај регистрациите во првиот квартал изнесува 66,6 отсто, што е помалку од истиот период лани кога изнесуваше 70,5 отсто.
Уделот на дизел возилата е до 20,5 отсто од 16,5 отсто во истиот период, додека уделот на хибридните автомобили падна на 8,5 отсто од 9,5 отсто. На два отсто од 2,4 отсто падна и учеството на возилата со ТНГ.
Првата автохтона марка на електрични автомобили во земјата Togg, која почна да го продава својот прв модел T10X на домашниот пазар, се очекува да испорача 20.000 единици електрични автомобили оваа година.











