Дворецот во Версај лани прокнижи загуба од 70 милиони евра

200

Дворецот во Версај од локалните власти ќе добие 15 милиони евра итна помош во следните три години откако поради пандемијата регистрираше загуба од 70 милиони евра.

Помошта од пет милиони евра годишно ќе биде употребена за повеќе проекти наменети за одржување и реконструкција на дворецот.

Едно од најпосетуваните туристички места во Франција, Версај минатата година беше затворен 192 дена, па поради тоа прокнижи загуба од 70 милиони евра, бидејќи бројот на посетители од 8,2 милиони во 2019 година се намали на само два милиони минатата година.

Дворецот во Версај веќе добива и 87 милиони евра во следните две години во рамки на јавниот план за закрепнување.

Фото: Pixabay