Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2022 година изнесува 803 141 милион денари и во однос на 2021 година е номинално зголемен за 10.1 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2022, во однос на 2021 година, изнесува 2.2 %.
Најголемо учество на додадената вредност со 19.2 % во структурата на БДП во 2022 година имаат секторите: (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2022 година во структурата на БДП учествува со 84.9 %.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2022 година изнесува 74.0 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2022 година изнесува 188 980 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 56.8 %, машинитеи опремата со 33.1 %, а останатите инвестиции со 10.0 %.