ДЗС: Бројот на работници во индустријата зголемен во споредба со 2012 година

37

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 101.2.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 0,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,4%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5%, Капитални производи за 0,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.8%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2013 година , во однос на периодот јануари – ноември 2012 година, изнесува 101.0.