Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2013 година, во споредба со септември 2013 година, остана на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,9%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- октомври 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 1,4%, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 1,2%.