ДЗС: Индекси на индустриското производство

16

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 105.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи опаѓање од 5,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 15,4%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 12,5%, Капитални производи за 34,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 57,3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2016 година, во однос на периодот јануари – јули 2015 година, изнесува 105.6.