ДЗС: Индекси на продажните цени на индустриските производи на странски пазари

12

Фото: Pexels

Во март 2018 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 1,7 % на месечно ниво, а се повисоки за 2,6 % на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Статистиката покажува дека во март 2018, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,0 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,8%.

Во март 2018, во споредба со март 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 15,3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,3 %.