ДЗС: Индекси на прометот во секторот Трговија за јуни

58

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,2 %, а реално за 5,9 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10,4 %, а реално за 7,9 %) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,3 %, а реално за 7,5 %).

Во групата Трговија на мало со автомобилски горива, прометот номинално е зголемен за 13,3 %, а реално е намален за 4,2 %.