ДЗС: Македонија во август ја посетиле 211.746 туристи

20

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2018 година изнесува 211.746, а бројот на ноќевањата изнесува 881.806. Бројот на туристите во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 12,2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 15%.

Бројот на домашните туристи во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 18,1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 5,8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 17,9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7,6 %.

Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,5 %, а кај странските има зголемување за 15,3 %.

Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16,1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,8 %, а кај странските има зголемување за 18 %.