ДЗС: Најголем просек на издатоци по вработен во секторот Финансиски дејности и дејности за осигурување

42

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, годишниот просек на издатоци на работодавецот по вработен во Република Македонија во 2016 година изнесува 398.242 денари.

Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен во Република Македонија има во секторот Финансиски дејности и дејности за осигурување и изнесува 695.297 денари.

Во 2016 година, годишниот просек на издатоци на работодавецот по фактички одработен час изнесува 229 денари, додека вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен изнесува 1.740 часови.