
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2025 година, изнесува 43. 053 денари.
Во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16.6 %, Преработувачка индустрија за 11.5 % и за Образование 11.4 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4.0 %, Дејности во врска со недвижен имот за 3.9 % и Преработувачка индустрија за 2.5 %.
Во февруари 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64 634 денари
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2025 година изнесува 64. 634 денари.
Во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16.1 %, Преработувачка индустрија и Образование за 11.5 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 %.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање од 10.0 %, Рударство и вадење на камен од 8.1 % и Уметност, забава и рекреација од 5.2 %.