
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 13.3 %, Административни и помошни услужни дејности за 13.2 % и Дејности во врска со недвижен имот за 10.9 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 9.5 %, Информации и комуникации за 4.2 % и Административни и помошни услужни дејности за 3.6 %.
Во октомври 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 69.089 денари
Во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.0 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 13.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 13.3 % и Дејности во врска со недвижен имот за 10.9 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 8.8 %, Информации и комуникации за 4.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 3.7 %.











