Фото: Pixabay
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2017 година, изнесува 308.341.881 илјада денари и бележи пораст од 15,6% во однос на истиот период од претходната година, стои во соопштението на Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во истиот период 2017 година, изнесува 420 245.581 илјадa денари, што е за 11,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2017 година, изнесува 111.903.700 илјади денари, додека покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2017, изнесува 73,4%.
Според трговската размена по производи во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, обработувани не повеќе од топловаланите со ширина од 600мм или повеќе, намотани.
Во периодот јануари-декември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2017 година, изнесува 5.671.466 илјади долари и бележи пораст од 18,5% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.719. 852 илјади долари, што е за 14,2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2017 година, изнесува 2.048.386 илјади долари.