ДЗС: Потрошени градежни материјали и енергија во 2016 година

19

gradenje

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), во 2016 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 12.925.251 илјади денари, што е за 11,1% повеќе во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 4.630.015 илјади денари (35,8%), потоа следат групите Потрошено гориво со 1.774.866 илјади денари (13,7%), Изолациски материјали и премази со 1.487.167 илјади денари (11,5%) итн.