ДЗС: Повеќе странски, помалку домашни туристи

44

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2013 година изнесува 127.607, а бројот на ноќевањата изнесува 586.635.

Бројот на туристите во август 2013 година, во однос на август 2012 година, е зголемен за 11,4%, а бројот на ноќевањата е намален за 0,9%, додека бројот на домашните туристи во август 2013 година, во однос на август 2012 година, е зголемен за 7,7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.,8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2013 година, во однос на август 2012 година, е намален за 2,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5%.

Во периодот јануари – август 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,8% и тоа кај домашните туристи има намалување за 2,7%, а кај странските има зголемување за 12,5%.

Во периодот јануари- август 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,3% и тоа кај домашните туристи има намалување за 4,6%, а кај странските има зголемување за 8,8%.