Фото: Pixabay
Цените на индустриските производи на странските пазари во јануари годинава пораснале во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците во јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,4% на годишно ниво.
Во јануари 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,5%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,1%.
Во јануари 2018, во споредба со јануари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 32,2%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,8%.