ДЗС: Растат цените на индустриските производи на домашниот пазар

22

Државниот завод за статистика објави дека во мај 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7 % на месечно, а за 0,5 % на годишно ниво.

Така, во мај 2018 година во однос на  април истата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка и тоа за 1,4 %, и Енергија за 0,5 %.

Годишната споредба на мај 2018 и мај 2017, пак, покажува повисоки продажни цени на во групите Интермедијарни производи, освен енергија и тоа за 2,9 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 %.