
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2026 година е повисока за 1.3 % во однос на второто полугодие од 2025 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во првото полугодие од 2026 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 7.427 денари по KWh, што претставува пораст од 1.3 % во споредба со второто полугодие од 2025 година.
Кај крајните потрошувачи, освен домаќинствата, просечната цена на електричната енергија без ДДВ се движи од 6.379 до 16.368 денари/kWh, во зависност од групата определена според годишната потрошувачка на електрична енергија. Во однос на второто полугодие од 2025 година, намалување на просечната цена е забележано кај сите потрошувачки групи, освен кај потрошувачите со годишна потрошувачка помала од 20 MWh и кај потрошувачите со годишна потрошувачка од 70 000 до 150 000 MWh.
Просечната цена на природниот гас, без данокот на додадена вредност, кај крајните потрошувачи (освен домаќинствата) се движи од 735.354 до 1 466.965 денари по GJ, во зависност од групата определена според годишната потрошувачка на природен гас. Во споредба со второто полугодие од 2025 година, кај сите потрошувачки групи е забележано зголемување на просечната цена, кое се движи од 8.0 % до 17.8 %.
Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесуваше 1 832.7 денари за GJ и бележи намалување од 6.9%.
Во првото полугодие од 2026 година:
- Просечна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува
7.427 денари за kWh со ДДВ - Кај крајните потрошувачи, освен домаќинствата, цената на електричната енергија е намалена кај сите групи, освен кај потрошувачите со годишна потрошувачка помала од 20 MWh и кај потрошувачите со годишна потрошувачка од 70 000 до 150 000 MWh
- Кај крајните потрошувачи, освен домаќинствата, цената на природниот гас е зголемена од 8.0 % до 17.8 %, во зависност од групата според годишната потрошувачка











