ДЗС: Структурно истражување за земјоделските стопанства

25

Државниот завод за статистика во согласност со Регулативата на Европската Комисија со број 1166/2008, во периодот од 1 до 20 јуни 2013 година, го спроведе структурното истражување за земјоделските стопанства.
Според податоците од истражувањето, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 170.885. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици.
Вкупно користеното земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 315.863 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 58,2% користат до еден хектар земјоделско земјиште.
Земјоделските стопанства имаат вкупно 365.868 добиточни единици, додека 56,5% од вкупниот број на стопанства одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства.
Во Република Македонија просечно има 0,5 трактори по стопанство, од кои поголемиот дел се двоосовински трактори.

Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства.