ДЗС: Трошоците на живот во ноември поголеми за 19,5% во однос на истиот период лани

95

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.2.

Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 4.0 %, виното за 3.4 %, месото за 2.6 %, рибата и морските плодови за 2.2 %, млекото, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.8 %, сирењето и урдата, кафето, чајот, какаото за 0.8 %, јајцата за 0.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, пивото за 0.3 %, лебот и житата за 0.2 %.

Во ноември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 11.5 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 4.7 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 3.3 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, домашните миленици и сродните производи за 3.2 %, услугите за култура за 3.1 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 3.0.%, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 2.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.6 %, другите медицински производи, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 2.0 %, големите алатки и опремата, електричните апарати за лична хигиена за 1.9 %, гасот за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.6 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.5 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1.4 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.3 %, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, туристичките аранжмани за 1.1 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, терапевтските помагала и опремата за 1.0 %, текстилот за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.7 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, парамедицинските услуги, велосипедите за 0.5 %, обувките, услугите за рекреација и спорт, рестораните, кафулињата и слично, другите услуги неспоменати на друго место за 0.4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 8.9 %, маслото и маснотиите за 5.0 %.

Во ноември, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 11.2 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.7 %, течните горива за домаќинствата за 2.1 %, игрите, играчките и хобијата за 1.1 %, информатичката опрема за обработка на податоците, другите печатени материјали за 0.6 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.3 %, облеката, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи зголемување од 19.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.2 %.