Фото: Pexels
Во најновиот извештај на Државниот завод за статистика, во декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,2% на месечно ниво, а за 4,6% на годишно ниво.
Во декември 2017, во споредба со ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7,1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,3%.
Во декември 2017, во споредба со декември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 38,5%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,6%.