ДЗС: Во јули остварени речиси 800.000 ноќевања, турските гости убедливо најбројни

Македонскиот туризам во јули 2026 година бележи стабилен раст на посетеноста, при што странските гости го водеа приливот на туристи, додека домашните посетители остварија најголем дел од ноќевањата. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, Турција убедливо останува главен пазар од каде што пристигнуваат најбројните странски гости.

Во јули 2026 година 223 711 туристи оствариле 795 083 ноќевања. Oд вкупниот број туристи, 43.0 % се домашни, а 57.0 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јули 2026 година изнесува 795 083, од кои 67.2 % се од домашните туристи, а 32.8 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 1.5 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.8 %, а кај странските има зголемување за 1.3 %.

Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 2.0 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јули 2026 година:

50 955 од Турција
13 074 од Србија
5 393 од Германија
5 090 од Романија