Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.583.557 илјади денари, што е за 21,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 961.396 илјади денари, што е за 11,0% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.
Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2016/2015 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 56.3744 денари.