ДЗС: Зголемен е бројот на основците, намален на средношколците

17

pexels-photo-730807

Фото: Pexels

На крајот на учебната 2016/2017 година бројот на основците бил зголемен во споредба со претходната учебна година, а на средношколците намален, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Според ДЗС, на крајот на учебната 2016/2017 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 190.225, што претставува зголемување за 2,8% во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2016/2017 година изнесува 72. 482, што претставува намалување за 6,6% во однос на претходната учебна година.