Фото: Pixabay
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2018 година, во споредба со јануари 2018 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,1%.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,2%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-февруари 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,2%, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0.2%.