Eagle 360 Urban – “паметни“ гуми на Goodyear

21

gumi

Фото: YouTube Screenshot

Американскиот производител на пневматици, Goodyear, го претстави новиот концепт на гуми со вештачка интелигенција, пишува Financial Express.

Станува збор за концептот Eagle 360 Urban, преку којшто гумите ќе може да ги детектираат условите на патот и да се прилагодат на нив за да обезбедат поудобно возење. Goodyear претходно го разви концептот Eagle 360, којшто беше наменет за самоуправувачките возила.

Сензорите што се поставени на овие гуми испраќаат детални информации за конфигурацијата на патот по којшто се движи возилото. На тој начин шарите на пневматиците се менуваат во зависност од тоа дали треба навреме да се прикочи или да се овозможи ефикасно возење. При изработка на овие гуми се користи бионичка кожа, којашто многу наликува на човечката и може лесно да се шири и собира. Надворешниот слој на гумата, пак, ја дава неопходната издржливост за да може да се поднесе товарот на возилото.

Исто така, овие паметни гуми, преку Интернет, ги пренесуваат собраните информации и на другите корисници кои користат вакви гуми на нивните автомобили.