EASA испрати итно предупредување до авиокомпаниите

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) го прошири своето предупредување до авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор на Иран, Израел и неколку земји во Персискиот Залив поради зголемените воени активности во регионот, објави Ројтерс.

EASA изјави дека препораката сега важи до 10 април.

Претходното предупредување беше на сила до 27 март.