easyJet го одбра Kuehne + Nagel за реновирање и модификација на флотата

29

Фото: Kuehne + Nagel

Kuehne + Nagel и easyJet потпишаа договор за логистичка поддршка за реновирање и модификација на 39 авиони на пет локации. Користејќи го решението KN InteriorChain, easyJet планира да го задржи планираното време на прекин за реновирање на минимум, додека го користи решението на интегрираниот синџир за снабдување.

Елентиус Мергерсон, раководиел на инженеринг и технички договори за снабдување на easyJet во оваа прилика изјави:

“Имавме веќе една успешна соработка со Kuehne + Nagel за претходната надградба на флотата. За следните авиони процесот ќе биде посложен од причина што ќе работиме на четири европски локации. Решението  KN InteriorChain е од клучно значење за да ги задоволи барањата за време на застој и да овозможи видливост од почеток до крај. Kuehne + Nagel ги разбира овие предизвици“.

“Преставувањето на KN InteriorChain како крајно дигитализирано решение е потврдено од страна на пазарот и горди сме што easyJet реши да го продолжи нашето партнерство потпирајќи се на ова решение. Обезбедувајќи решение за зголемената фреквенција на реновирање на ентериерот KN InteriorChain на производители, организации за одржување и поправка, авиокомпании и компании за лизинг им нуди единствено решение за решавање на комплексните побарувања на клиентите во оваа индустрија“, изјави Ерик Годхарт, постар заменик – претседател на Aerospace во Kuehne + Nagel.

Модуларното решение KN InteriorChain вклучува управување со нарачки на доставувачи, транспорт и складирање, услуги со додадена вредност, како што се китирање, пакување, преработка и слично. За да се обезбеди материјал за кабините, којшто е клучен за комфор на патниците со истиот се ракува соодветно и во согласност со барањата, а процесите на Kuehne + Nagel се сертифицирани со EN/AS 9100:2016 стандард. Сите преработки се вршат од страна на сертифицирани EASA механичари додека повеќе активности поврзани со отстранувањето се поддржани од сертифицираниот партнер AFRA.

Мониторинг и управување со протокот на материјали низ сите видови транспорт и складирање е обезбедено преку интегрирани онлајн нарачки, управување со карго и систем за управување со материјалот.

Решението се заснова на глобалната воздушна мрежа на Kuehne + Nagel, нејзината најсовремена ИТ инфраструктура којашто обезбедува поврзаност и видливост, центри за компетентност со 24/7 поддршка AOG Desk структура.