EasyJet развива патнички авион на електричен погон

18

easyjet-avion

Фото: Facebook

Британската авиокомпанија EasyJet во соработка со американската компанија за производство на летала, Wright Electric, развиваат електричен патнички авион што може да се користи за сообраќање на кратки релации, пишува Dezeen.

Како дел од широката стратегија за намалување на емисијата на штетни гасови и бучава од воздухопловите, EasyJet се надева дека овој авион ќе биде подготвен за летање во текот на следната декада.

Овој авион би требало да се напојува со батерии што може да се менуваат. Електричниот погонски систем, поставен на посебен начин, ќе овозможи полесен енергетски лет.

Електричните авиони, EasyJet би можел да ги користи за летови што траат околу два часа или 539 километри, што е околу 20% од маршрутите на авиокомпанијата.

Во март оваа година, Wright Electric го претстави првиот модел на комерцијален патнички авион што наместо керозин ќе користи батерии.