EasyJet затвора три бази

57

Британската авиокомпанија EasyJet потврди дека ќе затвори три бази во Велика Британија, што значи губење на најмногу 670 работни места.

Компанијата е принудена да го направи овој потег затоа што пандемијата на коронавирусот продолжува да врши притисок врз туристичката индустрија, пренесува Reuters.

EasyJet во мај објави дека ќе мора да намали 4.500 работни места во Европа со цел компанијата да се подготви за помал пазар за патната индустрија поради пандемијата, а тој процес ќе започне со затворање на базите на аеродромите во Лондон-Стенстед, Лондон-Саутенд и Њукасл.

Изгледите на авиокомпанијата се влошија минатата недела кога Франција се приклучи на Шпанија во британскиот карантин, што ги одврати многу Британци да патуваат во тие две многу популарни дестинации и ги намали надежите на EasyJet за опоравување во август.

Портпаролот на компанијата изјави дека помалку од 1.900 работни места веројатно ќе бидат изгубени во Велика Британија, како резултат на договори со скратено работно време и сезонски договори, основни трансфери и неплатено отсуство. Покрај тоа, отпуштањата од работа ќе бидат пониски заради доброволното заминување на работниците.

Фото: Facebook