ЕАЦ – можност за сите кои сакаат да го надградат своето образование

293
profil
Маја Петрушева, советник за студии во странство/претседател на ЕАЦ

“Целта на Образовниот информативен центар е да се обезбеди слободен проток на информации за можностите за образование во странство, за заинтересираните навремено да се подготват и да имаат успешен пласман и упис, како и стекнување на соодветна финасиска поддршка”, вели Маја Петрушева советник за студии во странство и претседател на ЕАЦ. Овој центар делува во четири подобласти: студии во странство – соработка со универзитети од странство и програми за стипендирање; тест центар за академски и професионални тестови/испити; тест преп центар – центар за подготовка на академски и професионални испити; организирање на образовни настани и манифестации.

БИ: Од кога постоите, кои се основните дејности на ЕАЦ?

Образовен информативен центар (ЕАЦ) е основан во 1999 година како Здружение на граѓани. Самостојно функционира од 2004 година. Во однос на дејностите, делува во четири  подобласти: студии во странство – соработка со универзитети од странство и програми за стипендирање; тест центар за академски и професионални тестови/испити; тест преп центар – центар за подготовка на академски и професионални испити; организирање на образовни настани и манифестации.

БИ: Кажете ни малку повеќе за услугите што ги нуди центарот.

ЕАЦ соработува со повеќе од 200 универзитети од странство од целиот свет. Соработката ја реализира со инситутиции кои имаат интерес за упис на студенти од Македонија и регионот на отворен конкурс и кои доделуваат од свои извори стипендии/финансиска поддршка или различен вид на бенефиција за нашите клиенти. Во таа насока се овозможува поддршка од најразлична висина од 20% до 100%, повеќето во однос само на школарината, но има и можности, иако малубројни, кои покриваат и трошоци на живот (сместување и храна). Секако дека сите овие програми имаат критериуми на селекција кои кандидатите треба да ги исполнат за да се стекнат со одредена поддршка.

Untitled

ЕАЦ е исто така и јавен тест центар на:

– PEARSON VUE Authorized Tест Center Select за регионот каде може да се полагаат повеќе од 100 интернационални  професионални сертификати од голем број на области: финасии, ревизија, ИТ, менаџмент (CIA, PMP, ORACLE, CIMA…) како и одредени академски испити како што е GMAT тестот.
– ETS тест центар – полагање на академски тест TOEFL iBT
– TOEIC тест центар – јазични сертификати на англиски и француски јазик, наменети за работа, студентска пракса, но и за академска примена
– TOLES тест центар – јазичен тест на англиски јазик од областа на правото
– PMP paper based тест центар

Од 2001 година ЕАЦ спроведува и подготовка по интернационална програма за сите американски академски тестови како што се TOEFL iBT, SAT, GRE, GMAT, TOEIC, кои се организраат на месечна база, како и подготовка за стекнување на професионални квалификации наменти за професионалци како што се CIA – Certfy Internal Auditor, PMP – Project Management Profesional. Овие обуки се организираат во соработка со ЦЕЕД Македонија и во одредени периоди во годината. Во текот на годината ЕАЦ организира повеќе настани од образовен карактер, презентации на универзитети, стипендиски програми и други акивности. Покрај Саемот за образование и кариера кој од 1998 година се оранизира во месец април, Стипендии ЕКСПО се одржува веќе пет години, каде заинтерисираните можат директно да комуницираат со универзитетите кои доделуваат стипендии или финансиска поддршка. Стипендии ЕКСПО е поврзан со нашиот интернет портал/база на стипендии stipendii.mk, кој е пуштен во април 2012 година.

DSC02127 (1)

БИ: Колку досега заинтересирани се имаат пријавено за студиите, обуките и колку сето тоа чинело во изминативе години?

ЕАЦ секоја година има нови партнери универзитети, така што бројот на заинтересирани постојано расте. Како статистика во изминатите 3 години, заклучно со 2013 година, за студии во странство се пријавиле 395 кандидати од кои се запишале 168 студенти, стипендирани се 103 кандидати, на кои им е доделена поддршка во износ од 1.504.380 евра. Во однос на обуките за академските тестови, годишно се обучуваат околу 150 кандидати. За професионалните обуки во изминативе 3 години се обучиле за CIA – 30тина, а за PMP околу 50 кандидати. Од овие кандидати излезноста на полагање на сертификатите и стекнување на професионална квалификиација е 30%. Секоја година ЕАЦ е посетен од повеќе од 3.000 посетители  во просториите на ЕАЦ, 3.500 клиенти се регистрирани на интернет базата и следат се што е новина (конкурси, активности, можности и сл). Aктивни сме на Facebook преку двата профила – стипендии.мк и Educational Advising Center Skopje, каде имаме повеќе од 10.000 следбеници.

БИ: Конкретно за PMP и CIA програмите, што нудат и кој се може да се пријави за нив?

PMP и CIA се американски професионални квалификации признаени глобално и се наменети за професионалци. Услов за полагање/стекнување на квалификациите е кандидатите да работат во делот на проектен менаџмент/внатрешна ревизија, односно да имаат најмалку две години работно искуство во професијата. Истовремено постои можност да ги полагаат и студенти, но квалификацијата им се доделува откако ќе се стекнат со потребното работно искуство. Обуките се со цел кандидатите да добијат солидна подготовка за испитот, спроведени се според интернационални програми од сертицифицирани тренери. Обуките се организираат неколку пати годишно во одредени интервали. Полагање за PMP има еднаш/два пати во годината, а за CIA секоја недела во годината. Полагањето се одвива во нашиот тест центар. Кандидатите добиваат комплетен материјал за подготовка, пристап до LMS-от на ЕАЦ и поддршка од тренерот до денот на полагање.

1264140_618116544897984_1548147094_o

БИ: Што е сега актуелно и ново во ЕАЦ? Каде можат луѓето да се информираат за она што ги интересира?

Во тековниот период се објавени повици за упис на повеќе универзитети. Особено интересни се повиците за упис на постдипломски студии и MBA/ EMBA студии. Во моментот има кампања за упис на една од топ светски бизнис школи ХУЛТ Меѓународна школа за бизнис, рангирана 54-та на Financial Times. Особено е значаен  фактот дека се доделуваат стипендии кои се исклучително високи за овој тип на школа (40% – 60% од износот на школарината) наменети за македонски граѓани. Во тек се уписи на Универзитетот Католика, Милано, Италија, МЕТУ Универзитетот за технички науки, Турција. Најсоодветно е заинтересираните да се регисртираат на stipendii.mk како би следеле се што е тековно и отворено како повик.

Сега ќе следи период кога се отвораат повеќето повици за следната академска година 2015/ 2016. Во однос на професионалните обуки исто така може да се следат повиците на нашата интернет страница www.oic.org.mk или на профилите на Facebook каде редовно се објавуваат сите можности. Подготовката за сите академски тестови TOEFL iBT, SAT, GRE, GMAT, TOEIC се одвиваат тековно во текот на целата година. И за овие обуки на располагање на слушателите им стојат истите ресурси и поддршка како за професионалните обуки. ЕАЦ Скопје не наплаќа на клиентите за советодавните услуги. Целта е да се обезбеди слободен проток на информации за можностите за образование во странство, за заинтересираните навремено да се подготват и да имаат успешен пласман и упис, како и стекнување на соодветна финасиска поддршка.