EBAN нуди можност на македонски стартапи да го претстават својот бизнис пред инвеститори

30

Европската мрежа на Бизнис Ангели (EBAN) и Cornerstone Communications го организираат проектот CEE-Released чијшто цел е да придонесе за заедницата преку добро развиена програма за менторство, а CEED Македонија како членка на EBAN, е поддржувач на настанот.

CEE-Released е првата интернационална програма којашто им нуди можност на компаниите ос Централна и Источна Европа да бидат вклучени во интернационалната мрежа на бизнис ангели и останати инвеститори како- venture capital фондови, фондови за приватен капитал, инвестициски фондови, коишто се заинтересирани за динамични иновативни компании со висок потенцијал за раст.

За оваа програма можат да аплицираат компании од 19 различни земји од Централна и Источна Европа, а како услов за аплицирање треба да го исполнат следново

Да имаат помеѓу 5 и 25 вработени

Да постојат помалку од пет години

Да имаат остварено приходи помеѓу 100.000 и 500.000 евра.

Аплицирањето е многу едноставно и бесплатно. Компанијата треба само да се регистрира на официјалната страна на www.cee-released.com најдоцна до 12 јуни, 2018.

Потоа меѓународното жири на EBAN ќе ги одбере финалистите од секоја земја учесничка. Компанијата што ќе биде прогласена за национален победник, ќе добие ексклузивна покана за Годишниот конгрес на EBAN што ќе се одржи во Софија, Бугарија од 25-27 јуни.

Патот, сместувањето и учеството на фестивалот ќе биде покриено од организаторите со сума во висина до 500 евра. Во Софија победничките компании ќе имаат можност да ја престават својата земја како иновативна држава и иден промотер на регионалната економија.

Освен тоа преставниците од компаниите ќе бидат дел од pitching настан, на којшто ќе зборуваат за својата земја пред стотина инвеститори, бизнис ангели, претставници од регионални берзи, потенцијални партнери и клиенти.

Минатата година Националниот конгрес на EBAN беше одржан во Малага, Шпанија. Присуствуваа повеќе 500 учесниците од 46 земји од светот, а три компании освоија награди во висина од 1,15 милиони евра.

Повеќе информации за пријавување на вашата компанија и за CEE-Released програмата можете да најдете на официјалната веб страна www.cee-released.com.

Крајниот рок за поднесување на апликација е 12 јуни 2018 година.