eBay подготвен за прифаќање на криптовалути

9

Платформата за трговија преку Интернет eBay е отворена за можност за плаќање со криптовалути, изјави извршниот директор Џејми Јанон.

“eBay веќе го прошири својот опсег на платни инструменти и сега прифаќа, на пример, Apple и Google Pay, и ќе продолжи да разгледува други алтернативи, како што се криптовалути“, рече Јанон во интервју за CNBC.

Ова не е прв пат компанијата да “флертува“ со криптовалути, забележува агенцијата dpa, потсетувајќи дека поранешниот шеф на eBay, Џон Донахo, во 2013 година изјави дека се подготвени да прифатат плаќања со биткоин.

Тие планови пропаднаа две години потоа, Донахo го напушти eBay.

Фото: Pixabay