eBay продава свој огранок во Јужна Кореја за пет милијарди долари

17

Еден од најголемите онлајн трговци во светот, eBay планира да го продаде својот огранок во Јужна Кореја за пет милијарди долари, пренесува New York Times.

Во овој сегмент е вклучен Gmarket, што е еден од најголемите платформи за онлајн трговија во Јужна Кореја. Тамошните медиуми наведуваат дека можни купувачи на овој дел од eBay се Lotte Shopping, Shinsegae и Hyundai Department Store Group, како и приватниот инвестиционен фонд MBK.

eBay во овој момент е 100% сопственик на својот дел во Јужна Кореја, којшто е создаден преку поврзување со Internet Auction, којшто eBay го презеде во 2001 година и Gmarket, којшто eBay во 2009-та година го купи за 1,2 милијарди долари.

Фото: Pexels