ЕБОР ги зголеми инвестициите во 2020 година на рекордни 11 милијарди евра

44

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ги зголемила инвестициите за 10% во 2020 година за да помогне во ублажување на тешките економски последици од корона-кризата, но учеството на зелените инвестиции падна нагло.

Банката инвестираше рекордни 11 милијарди евра во 2020 година, финансирајќи 411 проекти. Во 2019 година тие финансираа 452 проекти во кои инвестираа 10,1 милијарди евра.

Најголемата сума е инвестирана минатата година во проекти во регионот на Источна Европа и Кавказ, нешто повеќе од две милијарди евра, со што се зголеми финансирањето за 6,7 %. Тие инвестираа 1,47 милијарди евра во регионот на Централна Европа и балтичките држави со што инвестициите се зголемени за 4,2 %.

Инвестициите повторно беа концентрирани во приватниот сектор, 72 % од вкупните инвестиции.

“Нашите инвестиции беа значително повисоки отколку во претходната година и исто така обезбедивме поддршка во владините мерки за да му помогнеме на приватниот сектор да ја надмине кризата“, рече претседателката на ЕБОР, Одиле Рено-Басо.

Поради коронарната криза, уделот на “зелените“ инвестиции беше нагло намален во 2020 година, од 46 на 29 %.

Фото: Freepik