ЕБОР инвестираше рекордни 1,9 милијарди евра во Турција во 2015

30

ebor

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во текот на минатата година инвестираше рекордни 1,9 милијарди евра во турската економија, пишува Хуријет.

Турција ја потврди својата позиција како одлична дестинација за финансирање од страна на ЕБОР, што претставува 20% од вкупниот број на инвестиции коишто достигнаа 9,4 милијарди евра.

ЕБОР финансираше 43 проекти во различни сектори, вклучувајќи ја изградбата на најголемата геотермална централа во земјата за којашто ЕБОР обезбеди заем од 200 милиони долари.

ЕБОР започна со инвестиции во Турција во 2009 година и во овој момент има свои канцеларии во Истанбул, Анкара и Газиантеп. Досега инвестираше над седум милијарди евра во околу 180 проекти во инфраструктурата, енергетиката, земјоделството, индустријата и други области.