ЕБОР ќе инвестира 1,5 милијарди евра во обновата на Турција

21

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најави дека во следните две години ќе инвестира до 1,5 милијарди евра во турскиот регион погоден од земјотресот.

ЕБОР со седиште во Лондон соопшти дека првично ќе инвестира 600 милиони евра во форма на кредитни линии за локалните банки за бизниси и поединци во директно погодените региони на јужна Турција, објави АФП.

Управниот директор на ЕБОР за Турција Арвид Туркнер додаде дека банката е подготвена да го поддржи турскиот приватен сектор во обновата и изградбата на нови капацитети.

Разорниот земјотрес и последователните потреси на 6 февруари предизвикаа штета од повеќе од 100 милијарди долари само во Турција, соопштија во вторникот Обединетите нации.

Во своите најнови проценки, Светската банка соопшти дека разорниот земјотрес, кој сруши цели градови, предизвикал штета во Турција вредна повеќе од 34 милијарди долари, а обновувањето веројатно ќе го удвои тој износ. Банката предвидува дека трошоците во соседна Сирија ќе изнесуваат 5,1 милијарди долари.

Фото: facebook