ЕБОР предвидува пад на БДП на земјава за 3,5%

23

Земјава, според прогнозите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оваа година ќе забележи пад на вредноста на бруто домашниот производ за 3,5%, а за следната година се очекува економски раст од 5,5%.

Од земјите во регионот, најголем пад се очекува да забележи економијата на Албанија од 9%. Потоа е Црна Гора со пад на БДП од 8%, Грција 6%, Бугарија и Косово со по 5%, Босна и Херцеговина 4,5%, Србија и Македонија со по 3,5%.

“Кризата претставуваше голем удар и излегувањето од неа ќе претставува исто толку голем предизвик. Ова не е време за економски национализам и протекционизам, туку е време да се гради подобра иднина преку меѓународната посветеност кон слободната трговија, ублажување на климатските промени и економската соработка“, смета Беата Јаворчик, главен економист на ЕБОР.

Се предвидува економиите, каде што е активна ЕБОР, да забележат пад во просек од 3,5% оваа година, поради влијание на пандемијата, а за следната година се очекува раст од околу 4%.

Фото: Freeimages.com