ЕБОР сака 20% од мрежата на Хипо на Балканот

13

HYPO ALPE ADRIA (Sujet)

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира да донесе одлука за влегување во процесот на преземање на мрежата Хипо Алпе Адриа банка во југоисточна Европа заедно со американскиот фонд Адвент, јавува Танјуг.

ЕБОР планира да купи 20% од Хипо Холдинг за југоисточна Европа, кој е во сопственост на австриската држава. Американскиот фонд би презел 80% од Хипо Холдинг за југоисточна Европа.

ЕБОР и Адвент би ги презеле деловните банки и фирми за лизинг во Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и БиХ.