ЕБРД ја награди Комерцијална банка со две престижни награди

19

komercijalna-banka-logo-2Комерцијална банка АД Скопје е добитник на две награди од ЕБРД за својата работа и достигнувања во 2017 година.

Наградата Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia Банката ја добива по тринаесети пат како најактивна банка во меѓународната трговија (ТФП) во Република Македонија, но оваа година, за прв пат Deal of the Year for KB/938 (Зделка на годината за трансакција во којашто се вклучени две земји и две банки) оди во рацете на професионалниот тим на Комерцијална банка.

Конфирмираните трансферабилни акредитиви бараат повисок степен на специфично стручно занење и експертиза, па затоа оваа награда ЕБРД ја доделува за прв пат на Комерцијална банка, а се однесува на целиот регион каде делува ЕБРД (Европа, Азија и Африка)

Со оваа награда Комерцијална банка АД Скопје стана дел од светската мапа на меѓународно трговски експерти.