ЕБРД: ЈИЕ ќе почне да се опоравува од 2014 година

57

Југоисточна Европа ќе почне значително да се опоравува економски од 2014 година, а до тогаш следува мал стопански раст, оцени Питер Санфеј, економист на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

“Економските изгледи за регионот се загрижувачки, па очекуваме да видиме некаков мал економски раст во Босна и Херцеговина и регионот во 2013 година. Но, се надеваме дека во 2014 година ќе дојде до општо опоравување во еврозоната и во светот, што сигурно ќе биде од помош”, вели Санфеј.

Санфеј потсети дека целиот регион на југоисточна Европа има проблем со привлекување странски инвестиции кои со години се во опаѓање. Според него, тоа е последица на слабите локални економии, но и проблем на глобално ниво, затоа што инвеститорите станале многу претпазливи.