
Европската централна банка (ЕЦБ) ги отфрли повиците од банкарскиот сектор за намалување на капиталните барања, оценувајќи дека постојните нивоа на капитал не го ограничуваат кредитирањето и остануваат клучни за зачувување на финансиската стабилност.
Претседателката на Надзорниот одбор на ЕЦБ, Клаудија Бух, на конференцијата на централни банкари во Синтра, Португалија, изјави дека нема докази дека повисоките капитални барања ги спречуваат банките да ја финансираат економијата, и покрај тврдењата на европските банки дека олеснувањето на регулативите ќе ја зголеми нивната конкурентност во однос на американските финансиски институции, објави Ројтерс.
Како што наведе таа, банките во Еврозоната имаат значителни капитални резерви и се доволно профитабилни за да продолжат да кредитираат на економијата, со истовремени исплати на дивиденди и откуп на сопствени акции.











