Echo Frames – првите паметни очила од Amazon

26

Гигантот за онлајн продажба, Amazon ги претстави своите први паметни очила. Echo Frames се едноставни на изглед, немаат дисплеј, ниту камера и се наменети за секојдневна употреба.

Корисникот може да ги однесе кај својот оптичар за ставање на леќи како што е случајот со обичните рамки, а од Amazon велат дека се соодветни за повеќето препишани варијанти.

Во рамките има вградено четири мали звучници со два микрофони, пишува New Atlas. Со ова корисникот може да се поврзе со гласовната команда Alexa за давање на информации, насоки на движење, палење на светилка, поставување потсетници, закажување на состаноци и др.

Цената на паметните очила Echo Frames е 180 долари.

Фото: Amazon